Tayfun Coşkun
13 Октомври 2017•Ажурирај: 14 Октомври 2017
САНТА РОСА (АА) - Бројот на загинатите во шумските пожари што од неделата ја зафатија американската сојузна држава Калифорнија, се искачи на 31 лице, јавува Anadolu Agency (AA).
Надлежните соопштија дека најмалку 3.500 куќи и згради се уништени во пожарите. Според нив, оваа огнена стихија е најголемата од 1993 година наваму.
Исто така, се истакнува дека сѐ уште нема информации за околу 400 лица кои се водат како исчезнати.
На гасењето на пожарот се ангажирани голем број пожарникари, а гувернерот на Калифорнија, Џери Браун, прогласи вонредна состојба.
Од друга страна, надлежните приведоа петмина осомничени за кражба во некои од куќите евакуирани поради пожарите.
Крис Курси, градоначалник на Санта Роса, град кој најмногу е погоден од пожарот, соопшти дека 2.834 куќи во подрачјето се целосно изгорени.
Инаку, шумските пожари оваа година во САД досега предизвикаа загуба од 2 милијарди долари. Се истакнува дека ова е најголемата материјална загуба досега.