Gülşen Topçu
04 Декември 2022•Ажурирај: 05 Декември 2022
ГАЗА (АА) - Израелските воздухопловни сили изведоа напад на позициите на палестинското движење Хамас во Појасот Газа, кој се наоѓа под блокада, известува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на израелската војска, Авичај Адри, на социјалната мрежа Твитер објави дека израелските воени авиони бомбардирале работилница во која Хамас произведувал оружје и ракети.

Тој информираше дека цел на нападот бил и тунелот на Хамас во јужниот дел на Газа и додаде дека нападите биле спроведени како одговор на синоќешниот ракетен напад од Газа кон Израел.
Иако во нападот нема човечки жртви, на повеќе објекти е направена материјална штета.
Од Хамас соопштија дека на израелските воздушни напади одговориле со проектили земја - воздух.