Burç Eruygur
04 Декември 2022•Ажурирај: 05 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Украинската енергетска компанија ДТЕК објави дека денес направиле вонредно исклучување на струјата во Киев, главниот град на Украина, како и во регионите Одеса и Дњепропетровска поради руските напади, известува Агенција Анадолија (АА).
„Правиме сѐ за што поскоро да се вратиме на распоредот на исклучување што беше воведен пред последниот напад на електроенергетската инфраструктура“, се наведува во соопштението што ДТЕК го објави на Телеграм.
До вонредни прекини на струјата дојде откако украинските официјални лица пријавија руски напади во Киев и регионите Одеса, Дњепропетровска и Запорожје на 24 ноември.
Украинската националната енергетска компанија „Енергоатом“ објави дека четирите нуклеарни електрани во земјата автоматски се исклучиле поради намалувањето на фреквенцијата.
Објавени се и предупредувања за воздушни напади низ целата земја, освен во регионот на Крим, кој Русија незаконски го анектираше во 2014 година.
Предупредувања за воздушни напади во земјата се огласуваат речиси секојдневно поради можни ракетни и напади со беспилотни летала, кои ги напаѓаат цивилната и енергетската инфраструктура во Украина.