Associated Press
03 Декември 2022•Ажурирај: 04 Декември 2022
ЏАКАРТА (АА) - Силен земјотрес денес потресе делови од индонезискиот остров Јава, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Населението во паника излета на улиците. Засега нема информации за евентуални жртви.
Дуикорита Карнавати, шеф на индонезиската Агенција за метеорологија, климатологија и геофизика, изјави дека нема опасност од цунами, но предупреди на можноста од дополнителни потреси.
Американскиот геолошки завод измери земјотрес со магнитуда од 5,7 степени, наведувајќи дека епицентарот бил на околу 18 километри југоисточно од Банџара, град меѓу провинциите Западна Јава и Централна Јава, на длабочина од 112 километри.
Во земјотресот со интензитет од 5,6 степени што го потресе градот Чианџур на 21 ноември, животот го загубија 331 лице, а повредени беа 600 лица. Тоа беше најсмртоносен земјотрес во Индонезија од земјотресот и цунамито што се случија во Сулавеси во 2018 година, кога загинаа 4.340 лица.
Во главниот град Џакарта високите згради се лулале повеќе од 10 секунди, а во некои делови е наредена евакуација.