свет

Зелената зона во Багдад повторно отворена за сообраќај

Зелената зона беше затворена на 1 октомври поради демонстрациите што започнаа во земјата

Haydar Karaalp  | 08.10.2019 - Обновена : 09.10.2019
Зелената зона во Багдад повторно отворена за сообраќај

БАГДАД (АА) - Зелената зона во Багдад, главниот град на Ирак, каде што се наоѓаат владините згради, повторно е отворена за сообраќај. Поради антивладините протести, зоната беше затворена за сообраќај, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според официјалната ирачка новинска агенција, зелената зона каде што покрај владините згради се наоѓаат и канцелариите на многу странски мисии, по неколкудневно затворање утрово повторно е отворена за сообраќај.

Зелената зона беше затворена на 1 октомври поради демонстрациите што започнаа во земјата.

Во главниот град Багдад и во некои покраини на југ, од 1 октомври се протестира поради корупцијата, невработеноста и недостатокот на јавни услуги.

Од почетокот на демонстрациите, бројот на загинати изнесува над 110, а над 6 илјади луѓе се повредени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın