свет

Израелски политичари во заштита на ЈПГ/ПКК

„Се придружувам на повикот на Линдзи Грем и Крис Ван Холен, кои побараа доколку Турција изведе каков било напад врз Курдите во северниот дел на Сирија, да биде суспендирано нејзиното членство во НАТО“

Mustafa Deveci  | 08.10.2019 - Обновена : 09.10.2019
Израелски политичари во заштита на ЈПГ/ПКК

ЕРУСАЛИМ (АА) - Во период кога Турција се подготвува за вонредна операција во Сирија против терористите позиционирани источно од Еуфрат, некои израелски политичари излегоа во заштита на терористичката организација ЈПГ/ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).

Додека премиерот Бејнамин Нетанјаху и членовите на неговиот кабинет останаа без коментар за евентуалната операција на Турција и повлекувањето на американските воени елементи од сириската граница, некои имиња од опозициските партии дадоа изјави со поддршка за ЈПГ/ПКК.

Поранешниот израелски министер за образование и пратеник на алијансата Јамина (Десна), Нафтали Бенет, во својата објава на социјалната мрежа Твитер наведува: „Во името на израелскиот народ се молиме за курдскиот народ кој во моментов се наоѓа под напад на Турција. Поуката што ќе ја извлечеме од тоа е многу едноставна: Израел секогаш ќе се заштитува самиот себеси. Еврејската држава својата судбина никогаш нема да ја препушти во рацете на другите, меѓу кои се наоѓаат и нашите големи пријатели САД“.

Јаир Лапид, вториот по важност политичар на Сино-белата алијанса, која на последните предвремени избори во Израел, одржани на 17 септември, беше втора, цитирајќи го твитот во кој што американскиот републикански сенатор Линдзи Грем, се закани со санкции, изјави дека ја поддржува терористичката организација.

Лапид во својата порака напиша:

„Се придружувам на повикот на моите пријатели Линдзи Грем и Крис Ван Холен, кои побараа доколку Турција изведе каков било напад врз Курдите во северниот дел на Сирија, да бидат воведени санкции кон неа и да биде суспендирано нејзиното членство во НАТО.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın