Riyaz ul Khaliq
08 Октомври 2019•Ажурирај: 08 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Лидерката на Хонгконг, Кери Лам, денес изјави дека не ја отфрла можноста за интервенција на Кинеската влада во справување со тековните протести, доколку дојде до влошување на ситуацијата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Говорејќи на прес-конференцијата која беше пренесувана во живо од нејзиниот кабинет од страна на новинскиот канал „Азија“ (Asia), Лам потврди дека нејзината администрација нема во план да ги искористи овластувањата за итни случаи и додаде: „Сè уште имам силно чувство дека треба сами да ги најдеме решенијата.“
„Тоа е ставот на централната власт - дека Хонгконг треба да се справи со проблемот сам. Но доколку дојде до влошување на ситуацијата, тогаш не може да се исклучат опциите, доколку сакаме Хонконг да има барем уште една шанса“, изјави таа.
Таа, исто така, се осврна и на неодамнешната забрана за носење маски, тврдејќи дека забраната била ефективна и дека е премногу рано да се фрли сомнеж на законот од колонијалната ера.
И покрај тоа што призна дека ќе има одредени компликации и недоразбирања при спроведувањето на новото законодавство, Лам истакна дека нејзината влада ќе преземе неопходни мерки за да обезбеди легитимна одбрана и ослободување за одредени категории луѓе.
„Кога во петокот ја објавив [забраната за носење маски], реков дека има најмалку две цели, првата е да ѝ помогне на полицијата да идентификува поединци и да го спроведе законот“, рече Лам.
„Втората - која мислам дека е поважна - е што има ефект на заплашување“, додаде таа.
Хонгконг, автономен регион на Кина од 1998 година, се соочува со протести од почетокот на јуни, против потегот на администрацијата на Лам да ја легализира екстрадицијата во Кина.
Иако законот беше официјално отфрлен, протестите продолжија со иста жестина.