Fatih Hafız Mehmet
08 Октомври 2019•Ажурирај: 09 Октомври 2019
БРИСЕЛ (АА) - Министерите од земјите членки на Европската Унија (ЕУ) се состанаа денеска во Луксембург за да разговараат за изнаоѓање трајно решение за бранот миграции со којшто се соочува Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Во обраќањето до новинарите пред почетокот на состанокот, Димитрис Аврамопулос, европскиот комесар за миграции, истакна дека сегашната ситуација во Медитеранот не смее да продолжи.
„Не треба да се обидуваме да најдеме само ад хок решение, нам ни треба траен механизам“, истакна Аврамопулос.
Тој рече дека на состанокот ќе се разгледува планот предложен од страна на Италија, Германија, Франција и Малта на претходната средба одржана на Малта минатиот месец.
На мини-самитот за миграции беше постигнат договор за привремен систем во земјите кои ги прифаќаат барателите на азил.
Според Обединетите нации (ОН), досега оваа година во Европа пристигнале околу 80.000 бегалци и мигранти, додека 1071 загинале или се исчезнати за време на опасното патување кон Европа.