Ömer Tuğrul Çam
10 Февруари 2022•Ажурирај: 11 Февруари 2022
БРИСЕЛ (АА) ‒ Белгискиот суд одлучи дека транспарентот на кој пишува „Стоп за исламизацијата“ не е расистички, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во одлуката на Апелациониот суд во Антверпен е наведено дека транспарентот не е расистички и ксенофобичен, туку е „печатен документ во кој се изразува мислење“.
Одлуката на Судот ја израдува партијата „Фламански интерес“ (Vlaams Belang), која е позната по својата крајно десничарска и расистичка политика во Белгија.
Претседателот на партијата, Том ван Грикен, наведувајќи дека одлуката е победа за слободата на изразување, рече: „Ние ќе продолжиме со нашата борба против имиграцијата и исламизацијата. Запирањето на исламизацијата не е исто што и расизмот.“
Транспарентот беше носен за време на демонстрациите на екстремната десница во градот Мехелен минатата година.
Судијата на судот во Мехелен го оцени транспарентот како „ужасна слика“ која поттикнува омраза и дискриминација, а оние што го носеа транспарентот беа осудени на 6 месеци затвор и висока парична казна.
Меѓутоа, бидејќи пораката била на печатен материјал, тужбата е префрлена во опсегот на „прекршок од областа на медиумите“.
Пресудата на судијата во судот во Мехелен беше поништена и пренесена во Апелациониот суд.
Пред неколку години во Белгија, Државниот совет исто така одлучи дека истиот израз не е расистички.