Ekipa
31 Јули 2018•Ажурирај: 31 Јули 2018
КАБУЛ (АА) - Најмалку 11 цивили загинаа, меѓу кои и жени и деца, во експлозија на бомба поставена на патен правец во авганистанската западна покраина Фарах, која граничи со Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
Насер Мехри, портпаролот на гувернерот на Фарах, за АА изјави дека автобус минал преку импровизираната експлозивна направа, за која се наведува дека е поставена од Талибанците, во подрачјето на Бала Булок.
„Автобусот патувал кон Кабул; 11 патници загинаа, а над 30 се повредени“, истакна Мехри.
Талибанците досега не презедоа одговорност за нападот.
Градот Фарах накратко падна под контрола на талибанските борци во мај оваа година. Локалните функционери го обвинуваат Иран за поддршка на вооружената група во овој дел од земјата. Тие обвиненија постојано се отфрлаат од Талибанците и Техеран.