Nour Gelle Gedi,Hamdi Yıldız
31 Јули 2018•Ажурирај: 01 Август 2018
МОГАДИШУ (АА) - По долгогодишните несогласувања, Сомалија и Еритреја постигнаа договор за повторно воспоставување дипломатски односи, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на Државното радио на Сомалија, претседателот на Сомалија, Мохамед Абдулахи, и претседателот на Еритреја, Исајас Афеверки, во Асмара, главниот град на Еритреја, постигнаа договор за започнување со работа на амбасадите на двете земји.
Во Асмара, главниот град на Еритреја, двајцата претседатели потпишаа четири протоколи, меѓу кои и повторно воспоставување на дипломатските односи меѓу двете земји, како и започнување со работа на амбасадите на двете земји.
За време на средбата, лидерите на двете земји укажаа на целта за зајакнување на односите во областа на културата, како и на трговските односи и можности за инвестиција.
Според овој договор, Еритреја ќе го поддржи територијалниот интегритет и целосната независност на Сомалија на меѓународните платформи. Исто така, двете земји ќе вложат напор за заемно зајакнување на мировната средина во регионот.
Кризата меѓу Сомалија и Еритреја траеше 15 години. Страните се обвинуваа меѓусебно за поддржување терористички групи.