Zehra Ulucak
31 Јули 2018•Ажурирај: 31 Јули 2018
ЛЕЈКПОРТ (АА) - Во тек е евакуацијата на населението во американската сојузна држава Калифорнија, до која дојде откако на 23 јули избија пожари кои потоа се проширија на површина од околу 420 квадратни километри, јавува Anadolu Agency (AA).
Под контрола се ставени само 23 отсто од пожарите кои продолжуваат да го загрозуваат животот на населението.
Огнената стихија, која минатата недела изби во Шаста, во северниот дел на државата, сè уште не е ставена под контрола.
За седум дена се евакуирани околу 50.000 лица, а на околу 10.000 луѓе во Шаста им беше дозволено да се вратат во своите домови.
Портпаролот на Противпожарната бригада на Калифорнија, Скот Меклин, изјави дека во пожарите во Шаста смртно настрадале осум лица, изгорени се 818 куќи, а 165 се оштетени.
Поради пожарите, пак, во Мендоцино и Лејк Каунти евакуирани се околу 20.000 лица. Огнената стихија зафати подрачје од 275 квадратни километри во кое изгореа седум куќи.
Во акциите за гаснење на пожарите што се шират потпомогнати од високите температури на воздухот и ветрот, учествуваат 12.000 пожарникари.