Atila Altuntaş
17 Јуни 2022•Ажурирај: 18 Јуни 2022
СТОКХОЛМ (АА) - Данска соопшти дека руски воен брод двапати ги нарушил нејзините територијални води, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Данските вооружени сили информираа дека рускиот воен брод двапати ги нарушил територијалните води на земјата во близина на островот Борнхолм на полноќ.
Министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод, на својот твитер-профил, со хаштагот „Ние сме НАТО“, напиша: „Крајно неодговорна, груба и тотално неприфатлива руска провокација. Нема да имаат корист од овие методи на малтретирање во Данска.“