Kemal Zorlak
17 Јуни 2022•Ажурирај: 18 Јуни 2022
ЗАГРЕБ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, кој е во посета на Хрватска, денеска се состана со премиерот на земјата, Андреј Пленковиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
По средбата и заедничката прес-конференција со неговиот хрватски колега Гордан Грлиќ Радман, во Бански двор Чавушоглу беше примен и од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.
На снимателите и фоторепортерите им беше дозволено да го забележат запишувањето на Чавушоглу во Златната книга и да направат кадри од почетокот на средбата, по што разговорот продолжи зад затворени врати.
По посетата на Хрватска, Чавушоглу замина за Босна и Херцеговина.