Elena Teslova
17 Јуни 2022•Ажурирај: 18 Јуни 2022
САНКТ ПЕТЕРБУРГ (АА) - Рускиот вицепремиер Александар Новак денес истакна дека не гледа никакви пречки во извозот на руско жито во Туркије.
За Агенција Анадолија Новак изјави дека Русија секогаш била голем снабдувач на жито за Туркије и планира да ја одржи позицијата.
„Ние секогаш сме биле главен снабдувач со жито на Република Туркије, затоа не гледаме особени проблеми тука.“
„Тоа се комерцијални прашања и [компаниите] со согласуваат меѓу себе. Јас мислам дека ако имаме извозен потенцијал и ресурси, доволно [жито] ќе биде доставено до корисниците“, рече тој.
Новак додаде дека Туркије со години е „многу важен економски и трговски партнер“ за Русија.
„[Рускиот] Претседателот [Владимир] Путин и [турскиот] претседателот Реџеп Таип Ердоган се постојано во контакт, се реализираат задачите за зголемување на трговскиот промет, минатата година тој порасна за 57 проценти на 33 милијарди долари.“
„Големи инвестициски проекти се спроведуваат и во Русија и во Туркије - без изградени „Турски тек“, „Акују“ и фабриката за производство на камиони „Газ“, како и многу други проекти“, рече Новак.
„Русија и Туркије соработуваат во туризмот и градежниот сектор“, рече тој.
„Двете земји креираа специјални економски зони и дадоа поддршка на малите и средните бизниси за да се обезбеди трговски обрт“, додаде рускиот вицепремиер.
„Во моментот, ние гледаме дополнителни места за развој за таков бизнис меѓу нашите земји, вклучително и создавање транспортно-логистички центар во Туркије за испорака на стоки во Русија, и исто така од Русија во Туркије, вклучително и испорака на опрема што не се произведува во Русија, локализација на производството на таква опрема во Русија и испорака од трети земји“, рече тој.
Нагласи дека за сите прашања се дискутира на ниво на меѓувладини комисии со турските власти, како и на ниво од бизнис до бизнис.
„Денеска се одржа вториот состанок на бизнис-заедницата на Русија и Туркије, на кој се покажа заинтересираност за давање предлози за развој на понатамошна заедничка соработка“, истакна тој.
„Руските и турските власти ја гледаат својата улога во помагањето на бизнисот преку елиминирање на административните бариери, создавање поволни услови за бизнисот, за да може да се реализираат проекти и да се намалат трошоците“, рече тој.