Dmitri Chirciu
17 Јуни 2022•Ажурирај: 18 Јуни 2022
КИЕВ (АА) - Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, соопшти дека донеле одлука да воведат визи за руските граѓани, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зеленски на својот канал на „Телеграм“ се осврна на безвизното патување меѓу Украина и Русија.
Наведувајќи дека безвизното патување ќе биде укинато, Зеленски рече:
„Украина воведува визи за граѓаните на Руската Федерација. Како дел од борбата против невидените закани за националната безбедност, територијалниот интегритет на нашата држава, ѝ предложив на Владата да ја промени практиката во однос на влегувањето на руските државјани на територијата на Украина. Се очекува денеска таа да донесе одлука за раскинување на договорот за безвизно патување.“
Зеленски додаде дека барањето виза од руските граѓани ќе започне од 1 јули.