Aysu Biçer
17 Јуни 2022•Ажурирај: 18 Јуни 2022
АНКАРА (АА) - Годишната стапка на инфлација на Европската Унија (ЕУ) достигна 8,8 отсто во мај 2022 година, од 8,1 отсто во април, според Заводот за статистика на блокот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Минатата година таа бројка беше 2,3 отсто“, соопшти „Еуростат“.
Годишната стапка на инфлација во еврозоната исто така се зголеми за 8,1 отсто во мај 2022 година, од 7,4 отсто во април.
Најниски годишни стапки се забележани во Франција и Малта (и двете од 5,8 отсто) и Финска (7,1 отсто), додека највисоки годишни стапки се забележани во Естонија (20,1 отсто), Литванија (18,5 отсто) и Латвија (16,8 отсто).
Во мај, најголем придонес во годишната стапка на инфлација во еврозоната имаше енергијата (+ 3,87 процентни поени), потоа храната, алкохолот и тутунот (+ 1,59 п.п.), услугите (+ 1,46 п.п.) и неенергетските индустриски стоки (+ 1,13 п.п.).