Gökhan Kavak
16 Февруари 2022•Ажурирај: 17 Февруари 2022
МОГАДИШУ (АА) – Голем број бомбашки напади се извршени во раните утрински часови во Могадишу, главниот град на Сомалија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде дописникот на АА, бомбашките напади се случиле во близина на полициската станица Кахда и во регионот Јакшид.
По бомбашките напади се слушнаа звуци на жестоки оружени судири.
Сѐ уште нема информации за бомбашките напади што се случија во различни делови на Могадишу и за евентуална загуба на животи или можни повредени во оружените конфликти што следуваа по бомбашкиот напад.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите.