Ali Abo Rezeg
31 Јули 2016•Ажурирај: 01 Август 2016
МОГАДИШУ (АА) - Најмалку осум лица загинаа денес во двоен бомбашки напад на автомобил бомба на влезот на зградата на Криминалистичко-истражниот оддел во центарот на главниот град на Сомалија, Могадишу, јавува Anadolu Agency (AA).
Неименувани извори за АА изјавија дека меѓу жртвите најголем број се цивили, кои во моментот на нападот ја преминувале улицата.
Изворите не прецизираа дали со возилата управувале бомбаши-самоубијци или бомбите се активирани од далечина.
Очевидци на настанот велат дека делови од телата на петмина цивили се расфрлани насекаде низ улицата.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, но движењето Ал-Шабаб често стои зад овие напади за кои обично ја превзема одговорноста.
Експлозијата се случи пет дена по двојниот напад пред зградата на Обединетите нации (ОН) во главниот град Могадишу, во кој загинаа најмалку 14 лица.
Ал Шабаб ја презеде одговорноста за тој напад, нагласувајќи дека целта на нападот било седиштето на силите на Африканската унија.
Групата Ал Шабаб, основана како вооружена организација во 2004 година, контролира одредени региони во јужниот и централниот дел на Сомалија. Оваа група се смета одговорна за судирите во земјата, за земање заложници и извршување атентати.