Mesut Zeyrek
31 Јули 2016•Ажурирај: 01 Август 2016
КЕЛН (АА) - Илјадници Турци кои живеат во земјите од Европа се собраа во германскиот град Келн, на Демократски митинг против државниот удар во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Организаторот на митингот е Платформата Демократија против државниот удар. Митингот започна со интонација на турската и германската химна. На плоштадот се собираа голем број граѓани кои живеат во различни европски земји.
На почетокот на митингот имаше едноминутно молчење за загинатите во обидот за државен удар, кој се обиде да го изврши група воени лица лојални на терористичката организација ФЕТО, но исто така и за жртвите на нападите во Париз и Минхен.
На митингот, кој е поддржан од околу 100 здруженија ќе се прочита заедничката декларација на германски и турски јазик.
Покрај тоа, ќе се читаат имињата на загинатите и на соодветен начин ќе се потсети и на загинатите во нападот во германскиот Ансбах.
Планирана е музичка програма, обраќање на говорниците и читање на заедничката декларација на Големото национално собрание на Република Турција.