Ali Abo Rezeg
31 Јули 2016•Ажурирај: 01 Август 2016
БАГДАД (АА) - Најмалку десет лица загинаа денес во напад на два нафтени објекти од страна на милитантите на ДАЕШ во Киркук, северен Ирак, сooпштиија курдски безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Милитантите на ДАЕШ упаднаа во бензинска компресорска станица западно од Киркук, убивајќи четворица вработени, соопшти за Anadolu Agency офицерот на курдската Пешмерга, Салар Мухамед.
Тој рече дека напаѓачите поставиле експлозивни направи во постројката.
„Две направи експлодираа додека експертите работеа на нивно деактивирање"”, рече тој.
Курдските безбедносни извори, пак, изјавија дека пет бомбаши на ДАЕШ го нападнале нафтеното поле Баи Хасан во северозападниот дел на Киркук.
„Застрелани се двајца стражари” од страна на напаѓачите, истакнаа изворите кои сакаа да останат анонимни.
Според нив, силите на Пешмерга во потера по напаѓачите на крај ги застрелале.
Се истакнува дека петмина припадници на Пешмерга се повредени.
Изворот вели дека избувнал пожар во два нафтени резервоари на нафтеното поле, а тимовите на Цивилната заштита се обидуваат да го изгаснат огнот.