Ahmet Sait Akçay
06 Јуни 2016•Ажурирај: 06 Јуни 2016
ИДЛИБ (АА) - Најмалку седум цивили се убиени, а 30 ранети во серија воздушни напади кои авионите на руската војска ги извршија на населени места во северозападната сириска провинција Идлиб, контролирана од силите на сириската опозиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Цивилната заштита во Идлиб соопштено е дека руските воздушни сили вчера во попладневните часови започнале жестоки напади на населени квартови во Идлиб кои ги контролираат силите на сириската опозиција.
„Голем број на објекти е девастиран, а спасувачките екипи се обидуваат да ги изгаснат пожарите кои избија по воздушните напади. Се стравува дека билансот на страдањата би можел да биде значително поголем кога спасувачките екипи успеаа да дојдат до сите срушени објекти”, изјави за АА членот на локалната Цивилна заштита, Лејс Фирас.
Војната во Сирија започна 2011 година, кога силите лојални на режимот на претседателот Башар ал Асад со сила се обидоа да ги загушат продемократските протести.
Според податоците на Обсерваториумот за човекови права во војната која и понатаму трае загинаа најмалку 470.000 лица.