Davut Çolak
02 Јануари 2021•Ажурирај: 05 Јануари 2021
КОПЕНХАГЕН
Птичјиот грип регистриран е на фарма во селото Ловел, недалеку од границата на Виборг, на данскиот полуостров Јутланд, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според наводите на Управата за храна и контрола, вирусот H5N8 откриен е кај птици на еден имот во текот на контролата што првиот ден во годината ја извршило данско надлежно тело.
Објаснувајќи дека приближно 9.000 птици на фармата ќе бидат евтаназирани за да се спречи ширење на вирусот, Управата за храна и контрола побара преземање мерки против дивите птици на фармите на живина.
Поради птичјиот грип во Данска во последните месеци, некои земји, вклучувајќи ги Јапонија, Русија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Сингапур, привремено го запреа увозот на јајца и живина од оваа земја.