Mahmoud Barakat
03 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
БАГДАД (АА) - За време на рутинска вежба во рамките на обуката во воениот камп во Ал Таџи во Багдад загина еден британски војник, потврди британското Министерство за одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).
Починатиот војник служел во вториот баталјон на војводата од Ланкастер, истакна за Anadolu Agency (AA) Мекдам Мухамед, командант на ирачката армија.
Тој пренесе дека војникот чиј идентитет не се открива, бил убиен за време на рутинска вежба, а не во борба.
По смртта на британскиот војник, ирачкиот министер за одбрана започна истрага. Британското министерство за одбрана, исто така го потврди инцидентот, но по барање на семејството на починатиот не се објавени повеќе информации.
Една од функциите на британското воено присуство во Ирак е да ги обучуваат безбедносните сили во борбата против терористичката организација ДЕАШ.