Gülbahar Sayım
03 Јануари 2017•Ажурирај: 03 Јануари 2017
НИЈАМЕЈ (АА) – Безбедносните сили на Нигер убија 15 припадници на терористичката организација Боко Харам, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за надворешни работи, полковник Мустафа Ледру, во изјава за националната телевизија рече дека организацијата Боко Харам викендот извршила напад врз кампусот на безбедносните единици, кој се наоѓа во југоисточниот дел на државата, во регионот Барва.
Во судирот што избувнал по реакцијата на војниците, убиени се 15 милитанти, а еден од нив бил заробен. Во овој судир загинаа тројца војници, а седуммина се повредени, пренесува Ледру.
Од друга страна пак, министерот за внатрешни работи и безбедност на Нигер, Мухамед Базум изјави дека нема да биде започната правна процедура против 31 млад милитант на Боко Харам, кои минатата недела се предадоа, и додаде оти ќе се формира програма за интеграција за оние милитанти што прифаќаат да се предадат.
Претседателот Махмаду Исуфу, пак, во својата новогодишна порака меѓу другото изјави дека на милитантите на Боко Харам што сакаат да се предадат нема да им се наштети, туку тие ќе бидат интегрирани во општеството.