Gökhan Kavak
02 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
АБУЏА (АА) - Најмалку пет војници се убиени во оружениот напад извршен врз воените трупи во Нигерија, западна Африка, додека 30 војници се водат како исчезнати, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на локалните медиуми, непознати вооружени лица извршиле напад врз воени трупи во сојузната држава Јобе, во североисточниот дел на земјата.
Според соопштеното, најмалку петмина војници го загубиле својот живот, додека 30 војници се водат како исчезнати, за кои се смета дека се киднапирани од страна на напаѓачите.
Сѐ уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, но постојат сомненија дека за нападот е одговорна терористичката организација Боко Харам, која е активна во тој регион.