Abdel Ra'ouf Daoud Abdel Ra'uof Arnaout,Zeynep Hilal Karyağdı
02 Јануари 2018•Ажурирај: 03 Јануари 2018
РАМАЛА (АА) - Израелските војници приведоа 12 Палестинци во окупираниот Западен Брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на израелската војска се наведува дека на Западниот Брег се приведени 12 Палестинци под изговор дека се вмешани во терористички активности. Во соопштението не е дадена друга информација.
Израелските сили често вршат рации во домовите во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс, приведувајќи Палестинци под различни изговори.
Според официјалните палестински податоци, моментално во затворите низ Израел се наоѓаат околу 7.000 Палестинци, од кои 300 се деца.