Mustafa Deveci
02 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Пакистан го повика амбасадорот на САД во Исламабад, Дејвид Хејл, на консултации во пакистанското Министерство за надворешни работи, по објавата на „Twitter“ (Твитер) на американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја обвини администрацијата на Пакистан дека им овозможува засолниште на терористите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми пренесоа дека на американскиот амбасадор во пакистанското МНР вчеравечер му била пренесена вознемиреноста поради објавата на Трамп, со која ја обвинува администрацијата на Исламабад.
Секретарката на пакистанското МНР, Техмина Џанџуа, нагласи дека чекаат објаснување од Хејл за објавата на Трамп, кој го обвини Пакистан дека им овозможува засолниште на терористите.
По овој потег на Трамп, пакистанскиот премиер Шахид Хакан Абаси, денес го свика својот кабинет.
Трамп во вчерашната објава на Твитер напиша дека Пакистан обезбедува засолниште за терористите по кои трагаат САД во Авганистан.
Пакистанскиот министер за надворешни работи, Хоџа Мухамед Асиф, реагираше против оваа објава на Трамп, и истакна дека овие тврдења се невистинити.