Sayed Khodaberdi Sadat
02 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
КАБУЛ (АА) - Авиони на американските сили кои во Авганистан се ангажирани во рамките на НАТО бомбадираа упориште на терористичката организација ДЕАШ во местото Хасаки Мине, во покраината Нангархар, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на канцеларијата на гувернерот на Нангархар, Атаула Хогјани, изјави дека во нападот на американските авиони се убиени 60 припадници на ДЕАШ.
Копнена поддршка на нападот дале авганистанските безбедносни сили. Хогјани истакна дека во нападот загинал еден цивил, додека 14 биле повредени. Во нападот биле повредени и 18 припадници на ДЕАШ.
Хогјани рече дека во нападот имало цивилни жртви затоа што припадниците на ДЕАШ се наоѓале во нивните домови.
Уништени се и складиштата за муниција на терористите.