свет

Нетанјаху: Каков било договор меѓу САД и Иран нема да ја прекине војната во Либан

„Израел ќе продолжи да ја користи можноста за елиминирање на Хезболах, дури и ако има договор меѓу Трамп и иранските претставници“

Tarek Chouiref  | 31.03.2026 - Обновена : 31.03.2026
Нетанјаху: Каков било договор меѓу САД и Иран нема да ја прекине војната во Либан

ИСТАНБУЛ (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им кажал на високи американски официјални претставници дека каков било иден договор меѓу Вашингтон и Техеран нема да ја сопре израелската војна во Либан, пренесува Анадолу.

Дневниот весник „Израел хајом“ објави дека Нетанјаху ја пренел оваа порака за време на неодамнешните разговори зад затворени врати со високи претставници во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Според весникот, Нетанјаху изјавил дека секој постигнат договор меѓу САД и Иран нема да се однесува на либанскиот фронт.

„Израел ќе продолжи да ја користи можноста за елиминирање на Хезболах, дури и ако има договор меѓу Трамп и иранските претставници“, објави весникот.

Весникот исто така наведува дека Нетанјаху го одбил францускиот предлог за прекин на војната против Хезболах во замена за заложбата на францускиот претседател Емануел Макрон за помош во решавањето на ситуацијата.

Нетанјаху верува дека Израел сега има можност значително да ја подобри својата безбедносна состојба со потиснување на Хезболах преку реката Литани.

Висок израелски официјален претставник цитиран од весникот, изјавил дека САД го прифатиле ставот на Израел.

„Либан не му е важен на претседателот Трамп“, изјавил официјалниот претставник.

Израел започна серија воздушни напади и копнена офанзива во јужен Либан по прекуграничниот напад на Хезболах на 2 март.

Либанските власти соопштија дека оттогаш во израелските напади загинале најмалку 1.247 луѓе, а 3.690 се повредени.

Ескалацијата доаѓа во време на заедничката американско-израелска офанзива врз Иран, во која се убиени повеќе од 1.340 луѓе од 28 февруари.

Иран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел и американските бази во земјите од Персискиот Залив.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.