Ömer Aydın
02 Јануари 2018•Ажурирај: 02 Јануари 2018
ПАРИЗ (АА) - За време на прославата на новогодишната ноќ во Франција се запалени 1.031 возило, додека 510 лица се приведени, пренесува Anadolu Agency (AA).
Француското Министерство за внатрешни работи објави соопштение за настаните за време на новогодишната ноќ. Случаите на палење на возила речиси стана традиција во Франција.
Според соопштението, за време на новогодишната ноќ се запалени 1.031 возило ширум земјата.
Во соопштението се наведува дека се приведени 510 лица поради судири со полицијата. Се истакнува дека е забележан раст на насилствата во споредба со минатата година.
Во соопштението на министерството се наведува дека се повредени осум полицајци и тројца припадници на жандармеријата.
Минатата година за време на новогодишната ноќ биле запалени 935 возила.