Kaamil Ahmed
03 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската разузнавачка агенција Мосад денеска официјално ја започна кампањата во која има за цел да регрутира жени од специјален карактер, кои ќе служат во оперативниот сектор, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рекламите објавени во израелскиот печат и на платформите на социјалните медиуми е прикажана црно-бела слика од сенка на жена, со пораката „Бараме силни жени: не е важно што имате сторено за нас, важно е кој сте“.
Во меѓувреме, портпаролот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одговорен за известување на арапски, Офир Генделман, повика да се регрутираат оперативци со арапско потекло.
Израелскиот весник на еврејски јазик „Једиот ахронот“ денес објави дека жените сочинуваат околу 40 отсто од сегашната работна сила во Мосад.