Halit Süleyman,Selen Temizer,Adham Kako
03 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
АНКАРА (АА) - Вооружените групи на сириската опозиција соопштија дека нема да учествуваат во мировните преговори во Астана доколку војската лојална на Башар ал Асад и сојузничкитите полиции продолжат со кршење на примирјето договорено со посредство на Русија и Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ги суспендираме сите разговори и подготовки за преговори во Астана додека режимот во потполност не почне со спроведување на договорот за прекин на огнот. Намерата на режимот и на неговите поддржувачи на територијата на Сирија да контролираат поголемо подрачје, е кршење на една од најважните алки на договорот за прекин на огнот. Доколку режимот не се придржува до условите договорени пред потпишувањето на прекинот на огнот, договорот нема вредност и може да се каже дека престанува“, истакнато е во заедничкото соопштение на опозициските групи.
Освен тоа, во соопштението се истакнува дека доколку режимот на Асад, за кој Русија е гарант, не се придржува до условите за прекин на огнот, се отвора прашањето за влијанието на Москва над режимот.
Соопштението го потпишаа групите на Исламската војска, Фронтот на Дамаск, Сукур eс-Шам, Слободната војска на Идлиб, Фестаким кема ум Ерд, Фејлек ел-Рахман, Фејлек eс-Шам и други.
Договорот за прекин на огнот меѓу завојуваните страни во Сирија стапи на сила од 30 декември на полноќ. Меѓутоа, силите на Асад и неговите поддржувачи продолжуваат да го прекршуваат договорот.
Новинар на АА од извори на линијата на фронтот дознава дека во нападот извршен на први јануари, во западниот дел на Алепо загинале две деца, а дека вчера е гарантирана територијата на Источна Гута, која припаѓа на Дамаск. Во нападите на Џесреин, Хамурије, Дејр канун, Кефр зејта и бегалскиот камп Јермук, убиени се петмина цивили.
Извршен е напад и на подрачјето на местото Јермук и селото Џаберије коешто припаѓа на Хама, Џиср eс-Сугур, кое припаѓа на Идлиб, Анадан, кој припаѓа на Алепо и Телбисе, во Холмс. Во Телбисе загина еден цивил.
Анкара и Москва на 13 декември договорија прекин на огнот во источниот дел на сирискиот град Алепо и евакуација на цивилите. Меѓутоа, на 22 декември е завршена евакуацијата и следеше договор за прекин на огнот на подрачјето на цела Сирија.