Gökhan Kavak
28 Декември 2017•Ажурирај: 28 Декември 2017
АБУЏА (АА) - САД одобрија продажба на 12 воени авиони на Нигерија, кои оваа земја ќе ги користи против терористичката организација Боко Харам, јавува Anadolu Agency (AA).
Командантот на нигериските воздушни сили, генералот Садик Абубекир, изјави дека амбасадорот на САД во Нигерија, Стуарт Сајмингтон, доставил писмо со кое САД ја одбруваат продажбата на авиони.
Нигерија купи 12 воени авиони од типот „A-29 Super Tucano“.
Абубекир исто така изјави дека Нигерија има многу значајна улога кога е во прашање воспоставувањето на безбедноста на подрачјето на регионот Субсахарска Африка, и дека ќе биде продолжена борбата против Боко Харам и сите други закани по безбедноста на земјата.
Според неговите зборови, вредноста на авионите кои ќе бидат купени од САД се проценува на 593 милиони долари, а тоа вклучува и вооружување како едукативна поддршка.
Абубекир очекува авионите да бидат испорачани во февруари 2018 година.
Поранешната администрација на САД на чело со Барак Обама не ја одобруваше продажбата на авионите на Нигерија, а како причина го наведуваше кршењето на човековите права во рамките на нигериската војска.
Авионите „A-29 Super Tucano“ на африканскиот континент се користат во Гана, Ангола, Буркина Фасо и Мавританија.