Ali Cura
28 Декември 2017•Ажурирај: 30 Декември 2017
КИЕВ (АА) - Во Украина, успешно е извршена размената на заробеници меѓу украинските сили и проруските сепаратисти, јавува Anadolu Agency (AA).
Размената е извршена на контролната точка Мајорск во Доњецк, а целиот процес го следеа претставниците на Меѓународниот Црвен крст и на ОБСЕ.
Украинскиот претседател, Петро Порошенко, на социјалните мрежи напиша дека се ослободени 74 Украинци.
„Тие конечно се дома, на подрачјето кое е под контрола на нашата војска“, напиша Порошенко.
Претставниците на Украина, Русија, ОБСЕ и на сепаратистичките групи од источниот дел на Украина, на 19 септември во Минск одржаа седумчасовен состанок на кој го потпишаа меморандумот за имплементација на примирјето.
Во меморандумот во девет точки се наведува дека страните мора да го почитуваат прекинот на огнот, да се обезбеди воените единици на двете страни да останат на позициите на кои беа на 19 септември, да се забрани употребата на оружје и да се забранат напади; во рок од 24 часа сите единици кои користат муниција со калибар поголем од 100 mm да се повлечат од средиштата на борбите и од населените места на оддалеченост од 15 километри, и на тој начин да се формира тампон зона од 30 километри, во која нема да се користи оружје.
Во меморандумот и понатаму се наведува дека мора да се забрани поставување на тешко вооружување во близина на населените места, од тампон зоната да се отстранат сите мински и експлозивни направи и на тоа подрачје да се забрани поставување на нови. Во тампон зоната да се забранат летови за сите, со исклучок на леталата на ОБСЕ; на подрачјата каде е прогласено примирје да се распоредат набљудувачите на ОБСЕ и од местата на судирите да се повлечат сите странски борци и да се обезбеди размена на заложниците.