Eshat Fırat
28 Декември 2017•Ажурирај: 29 Декември 2017
КУДС (АА) - Израелските војници приведоа 14 Палестинци на Западниот брег, јавува Anadolu Agency (AA).
Од израелската војска наведоа дека синоќа била извршена рација на различни подрачја на Западниот Брег. Поради наводна поврзаност со терористички активности приведени се 14 Палестинци.
Според податоците на палестинските власти, Израел моментално во затворите држи околу 7.000 Палестинци, од кои поголемиот дел доаѓаат од окупираниот Западен Брег. Израелската војска во последно време спроведува апсења ширум Западниот Брег, под изговор дека трагаат по „барани“ Палестинци.