Gökhan Kavak
21 Ноември 2017•Ажурирај: 21 Ноември 2017
АБУЏА (АА) - Во самоубиствен напад во џамија во Нигерија, животот го загубија најмалку 30 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите во нигериските медиуми, во нигериската држава Адамава извршен е самоубиствен напад во којшто животот го загубија најмалку 30 лица.
Портпаролот на полицијата на Адамава соопшти дека нападот на џамијата е извршен во 05:20 часот според локално време.
„Во нападот во подрачјето Моби, животот го загубија најмалку 30 лица. Нападот го изврши момче на 17-годишна возраст, веднаш по утринската молитва“, додаде тој.
Постои загриженост дека бројот на загинатите од бомбашкиот напад ќе расте.