Gökhan Kavak
17 Јуни 2018•Ажурирај: 18 Јуни 2018
АБУЏА (АА) - На североистокот од Нигерија, во сојузната држава Борно, за време на прославата на Рамазан Бајрам, извршен е бомбашки напад во кој животот го загубија 20 лица, а 48 се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Шефот на Сојузната полиција соопшти дека за време на прославата на Рамазан Бајрам, во подрачјето на Дамбоа, извршен е бомбашки напад во кој загинале 20 лица.
Во нападот ранети се 48 лица, кои се пренесени во локалните болници.
Нигериската полиција информираше дека нападот бил изведен од страна на 6 лица, додавајќи дека дополнителни безбедносни сили се испратени на местото на несреќата.
Засега никој не ја презел одговорноста за нападот, но постои сомневање дека е можно извршител на нападот да е терористичката организација Боко Харам.
Оваа терористичка организација своите активности ги започна во првите години на 2000 година, а од 2009 наваму, спроведува акции на масовно насилство, откако нејзиниот лидер Мухамед Јусуф почина во притвор. Во овие насилни активности, животот го загубија околу 20.000 лица.
Од 2015 година наваму, Боко Харам спроведува акции и во соседните земји Камерун, Бенин, Чад и Нигер. Во нападите на организацијата во басенот на езерото Чад, животот го загубија најмалку 2.000 лица.