Sayed Khodaberdi Sadat
12 Јуни 2018•Ажурирај: 12 Јуни 2018
КАБУЛ (АА) - Во нападот извршен со возило-бомба во подрачјето на Мукур кое се наоѓа во авганистанската покраина Газна, својот живот го загубија 5 полицајци, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Гувернерството на Газна, Ариф Нури, истакна дека зградата на локалната управа во подрачјето на Мукур била цел на нападот со возило-бомба.
Нури информираше дека во нападот смртно настрадале 5 полицајци, а повредени се 26 лица.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот.
- Одлука за прекин на огнот -
Претседателот на Авганистан, Ешреф Гани, претходно соопшти дека прогласен привремен прекин на огнот кон Талибанците до 20 јуни.
Од друга страна, Талибанците соопштија дека за време на Рамазанскиот бајрам донеле одлука за тридневен прекин на огнот.
Применувањето на прекинот на огнот од страна на авганистанската Влада, почнува од денес.