Ekipa
12 Јуни 2018•Ажурирај: 13 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Пратеникот во иранскиот Парламент, Махмуд Садики, познат по блискоста со реформистите во земјата, изнесе тврдења дека терористите на ДЕАШ за перење пари ги користеле иранските банки, пренесува Anadolu Agency (AA).
Садики на својот профил на Твитер се осврна на расправата околу нацрт-законот за ФАТФ (FATF), кој се однесува на измените на законите за спречување на пружање финансиска поддршка на тероризмот.
„ДЕАШ во изминатите години за перење пари го користеше иранскиот банкарски систем“, напиша Садики.
Тој наведе дека големите мрежи кои се занимаваат со затајување данок и криумчарење дрога се дел од лоби кое се спротивставува на борбата против перењето пари.
„Тие се плашат од транспарентноста во банкарските процеси. Со револуционерни пароли ги провоцираат конзервативците, но всушност, си ги штитат сопствените интереси“, рече Садики.
Освен економските санкции кои се воведени врз Иран, Садики истакна дека зад неинтегрирањето на иранските банки во меѓународниот банкарски систем стојат внатрешни фактори.