Şerife Çetin
12 Јуни 2018•Ажурирај: 13 Јуни 2018
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го поздрави постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција околу спорот со имети, и истакна дека на овој начин се отвори патот на Македонија кон членство во НАТО, пренесува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг, во писмено соопштение, овој договор го опиша како историски, и рече дека ова решение за кое станува збор е резултат на долгогодишните дипломатски напори.
Истакнувајќи дека двајцата лидери покажале желба за решавање на спорот кој долго време влијаеше врз регионот, Столтенберг упати апел до Ципрас и Заев за официализирање на овој договор во во најкраток можен рок.
„Овој договор го отвори патот на Скопје кон членство во НАТО. Исто така ова ќе придонесе во зајакнување на мирот и стабилноста на Западен Балкан“, додаде Столтенберг.