свет

Белата куќа: Убиен е Хамза бин Ладен, синот на Осама бин Ладен

„Синот на Осама бин Ладен, Хамза бин Ладен, кој е припадник на Ал Каеда од висок ранг, е убиен во рамки на операцијата на САД за борба против тероризмот во граничната зона Авганистан-Пакистан“, се вели во соопштението на Белата куќа

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 14.09.2019 - Обновена : 15.09.2019
Белата куќа: Убиен е Хамза бин Ладен, синот на Осама бин Ладен

ВАШИНГТОН (АА) - Белата куќа соопшти дека во рамки на операцијата реализирана на граничната зона меѓу Авганистан и Пакистан, убиен е Хамза бин Ладен, синот на поранешниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Синот на Осама бин Ладен, Хамза бин Ладен, кој е припадник на Ал Каеда од висок ранг, е убиен во рамки на операцијата на САД за борба против тероризмот во граничната зона Авганистан-Пакистан“, се вели во соопштението на Белата куќа.

Во соопштението не се дадени информации за времето на неговото убиство.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.