Hanife Sevinç,Emrah Güney
19 Ноември 2016•Ажурирај: 20 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција има илјада пати повеќе докази дека зад обидот за државен удар стои Фетула Ѓулен, отколку што САД имаше докази за Осама бин Ладен, изјави денеска во Истанбул, министерот за правда на Република Турција Бекир Боздаг, јавува Anadolu Agency (AA).
Боздаг зборуваше на состанокот што се одржа во рамките на 62-та годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО, што се одржа во Истанбул, а во таа прилика се осврна и на борбата против тероризмот.
Тој истакна дека има доволно докази кои укажуваат на тоа дека зад обидот за државен удар на 15 јули, во неговата земја, стои лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен.
„Кога беше нападнат Светскиот трговски центар, САД за одговорен го сметаше Осама бин Ладен. Ние сега имаме сто пати повеќе докази дека зад обидот за пуч стои Ѓулен, отколку што тогаш САД симаше докази за Осама бин Ладен", рече Боздаг.
Тој рече дека еден дел од доказите се веќе испратени во САД во рамките со процесот за екстрадиција на Фетула Ѓулен во Турција, а се работи да се соберат останатите докази. Тој укажа на фактот дека борбата против тероризмот е глобален проблем, како и важноста на соработката, без разлика дали станува збор за земјите во или надвор од НАТО.
„Ако успееме да ја оствариме таа соработка, верувам дека исто така може да успееме во уништувањето на терористичката организација ДЕАШ, ПКК, ФЕТО, ПЈД,ЈПГ како и сите други, кои делуваат во било која држава. Ако денес тероризмот зема човечки животи, тогаш тоа сигурно придонесува за нецелосна и неефикасната соработка на глобално ниво", заклучи министерот за правда на Република Турција Бекир Боздаг.