Kasım İleri
02 Ноември 2017•Ажурирај: 02 Ноември 2017
ВАШИНГТОН (AA) - Американската Централна разузнавачка агеција (ЦИА) објави архив од доументи и видео снимки кои се пронајдени во куќата во која во 2011 година е убиен Осама Бин Ладен, јавува Anadolu Agency (AA).
ЦИА во среда објави вкупнио 470 илјади документи од компјутерот запленет на 2. мај 2011 година во текот на акцијата во засолништето на Бин Ладен во Аботбад, во Пакистан.
Компјутерот, запленет во акцијата на американските специјалци во која е убиен Осама Бин Ладен, содржел и колекција на видео снимки, вклучувајќи цртани филмови, неколку холивудски филмови и три документарци за самиот лидер на Ал Каеда.
Останатите содржини вклучуваат 18 илјади документи, 79 илјади аудио снимки и фотографии на повеќе од 10 илјади видео записи.
Инаку ова е четврт дел од материјалот пронајден на имотот каде тогаш се сокривал Бин Ладен и неговото семејство.
ЦИА соопшти дека одредени податоци останаа класифицирани поради заштита на националната безбедност.
Од ЦИА наведоа дека спомнатиот материјал го даваат на увид во тоа како исчезнале разлики помеѓу Ал Каеда и ДЕАШ, неслагања помеѓу Ал Кадеда и нејзините сојузници, како и проблеми со кои Ал Каеда се соочи по смртта на Бин Ладен.