Ekip
02 Ноември 2017•Ажурирај: 02 Ноември 2017
ТОРТОН (AA) - Најмалку три лица загинаа во пукање во супермаркет Волмарт во градот Тортон во американската сојузна држава Колорадо а полицијата трага по наоаѓачите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на локалната полиција Виктор Авила рече дека најверојатно станува збор за случајна престрелка и дека нема индикации да се работи за терористички чин.
Идентитетот на напаѓачот сеуште не е познат.
Во моментот на пукањето купувачите и вработените во Волмарт почнаа да ебгаат кон излезните врати, а од полицијата немаат информации колку куршуми се испукани.
Меѓу загинатите се две машки лица кои починаа на местото на настанот, додека уште една жена во болница им подлегна на повредите.