Ekipa
02 Ноември 2017•Ажурирај: 02 Ноември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека обвинетиот за нападот со камион на Мехнетен, Њујорк, во којшто загинаа осум лица, треба да биде осуден на смртна казна, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американските федерални обвинители и официјално ги објавија обвиненијата за тероризам против 29-годишниот имигрант од Узбекистан, Сејфула Саипов, кој во вторникот усмрти осум лица.
Наведоа дека Саипов барал во неговата соба во болницата да се закачи знамето на терористичката организација ДЕАШ и дека се чувствува добро поради она што го сторил.
По тој повод се огласи и американскиот претседател, кој на Твитер напиша дека напаѓачот треба да добие смртна казна.
„Терористот од Њујорк беше среќен кога побара да се закачи знамето на ДЕАШ во неговата соба во болницата. Тој уби осум, а рани 12 лица. Би требало да добие смртна казна“, напиша Трамп.