свет

Саудиска Арабија привремено го запре производството на нафта

Саудиската компанија „Сауди Арамко“, загубите од производството на нафта во „Бикајк“ и „Хирајс“ поради нападот со беспилотно летало, ќе ги покрие од резервите

Gülşen Topçu  | 15.09.2019 - Обновена : 16.09.2019
Саудиска Арабија привремено го запре производството на нафта

РИЈАД (АА) - Министерот за енергетика на Саудиска Арабија, принцот Абдулазиз бин Селман, соопшти дека привремено е запрено производството на нафта поради нападот врз два производствени објекти на саудиската национална компанија „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco), поради нападот од вооружени беспилотни летала, јавува Anadolu Agency (AA).

Вчера во 4:00 часот по локално време со беспилотно летало бил изведен напад врз две фабрики за производство на нафта на саудиската национална компанија „Сауди Арамко“, по што во објектите избувнал пожар.

Во нападот со беспилотно летало нема загинати или ранети, ниту се обвинува некоја страна, но Хусите дадоа писмено соопштение во кое наведуваат дека тие го извеле нападот.

Министерот за енергетика на Саудиска Арабија, Селман, за новинската агенција СПА (SPA) изјави дека производството на нафта во нафтените објекти „Бикајк“ и „Хирајс“ е запрено на неопределено време, а дека загубата ќе биде покриена од резервите.

Министерот Бин Селман навел дека според првичните проценки, експлозијата до која дошло по нападот, предизвикала запирање на производството на 5,7 милиони барели сурова нафта (што претставува околу половината од дневното производство на нафта на компанијата).

Освен тоа, министерот Бин Селман информирал дека нападот предизвикал и запирање на производство на приближно 2 милијарди кубни барели APG (Associated petroleum gas - кој покрај гасот содржи и петролеум), што е причина за намалување на производството на етан и други природни гасови за 50%.

Министерот Бин Селман навел дека поради нападот нема да има проблеми во снабдувањето на внатрешниот пазар, истакнувајќи дека во тек е проценка на настанатата штета на компанијата.

Во последно време, системот за воздушна одбрана на Саудиска Арабија главно успева да ги неутрализира нападите со балистички проектили од краток и среден дострел што Хусите поддржани од Иран ги спроведуваат од Јемен, а врз одредени региони во земјата се вршат напади и со беспилотни летала.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.