свет

„Турција е исклучително важна во НАТО“

„Турција продолжува да останува исклучително значајна во Алијансата, додека ние како сојузник на НАТО остануваме посветени на Турција“, рече Хариган

İslam Doğru  | 14.09.2019 - Обновена : 16.09.2019
„Турција е исклучително важна во НАТО“

ЊУЈОРК (АА) - Командантот на воздушните сили на САД за Европа, Африка и НАТО, Џефри Л. Хариган, истакна дека Турција продолжува да останува исклучително значајна во НАТО Алијансата, и дека тие како сојузник на НАТО остануваат посветени на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Хариган во Центарот за странски медиуми во Њујорк одговори на новинарските прашања за односите меѓу САД и Турција.

„Турција продолжува да останува исклучително значајна во Алијансата, додека ние како сојузник на НАТО остануваме посветени на Турција“, рече тој.

Хариган нагласи дека како членка на НАТО ќе продолжат да соработуваат со Турција, и дека односите и соработката меѓу двете земји, особено во воената област, се многу цврсти.

Тој се осврна и на безбедносната зона во Сирија која ќе се формира под партнерство на САД и Турција, како и на заедничките патроли на двете земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın