БАГДАД - По нелегитимниот референдум на Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак (IKBY), ирачката централна власт воспостави контрола врз спорните територии и бара пешмергите да се вратат во границите пред 2003 година, јавува Anadolu Agency (AA).
По нелегитимниот референдум на Регионалната курдска управа, кој раководството од Багдад не го призна, ирачките сили ги потиснаа пешмергите и воспоставија контрола врз Киркук и подрачјата јужно од градот, потоа врз Мосул и голем број спорни територии коишто потпаѓаат под овој град.

Пешмергите во јуни 2014 година извршија напад врз ДЕАШ и ја презедоа контролата врз воената база во Киркук, како и над нафтените полиња.
Централната власт планира да ги врати и да воспостави контрола над значајните нафтени полиња, како што се Бај Хасан и Баба Ѓурѓур, кои пешмергите ги презедоа по 2003 година. Централната власт има за цел приходите што Курдската демократска партија ги обезбедува од извозот на нафтата од овие извори да ги пренасочи кон сопствениот буџет.
Раководството од Багдад објави дека откако ќе го санира нафтоводот Киркук – Јумурталик, ќе започне да го користи.
Ирачките сили ги ослободија од пешмергите и ја презедоа контролата врз Киркук, Дакук, Тузхурмату, Алтункопру, потоа на исток, во местата Ханекин, Џелевла, Мендели, кои се дел од подрачјето на Дијала, а воспоставија контрола и во подрачјата на Синџар и Зумар, кои потпаѓаат под Мосул.
Во месноста Махмур дојде до судири меѓу владините сили и пешмергите. Во овие судири меѓу ирачките сили има загинати и ранети.
Не се знае со сигурност дали ирачкото раководство воспостави контрола врз Махмур, кој има големо стратешко значење, но се знае дека властите од Багдад сакаат да ја преземат контролата врз граничните премини Фишхабур и Хабур, кои се наоѓаат на стратешкото тромеѓе Сирија – Ирак – Турција и да воспостават контрола врз аеродромите во Ербил и Сулејмание.
Од друга страна, се тврди дека Регионалната курдска управа не сака да се повлече од споменатите позиции.
Апел до пешмергите „Вратете се на границите пред 2003 година“
Ирачкиот премиер Хајдар ал-Абади, пред 3 дена донесе одлука да ги прекине сите воени активности на северот од земјата во период од 24 часа.
Абади одлуката за запирање на сите воени активности ја објасни со фактот дека сака, без воени судири со Ербил, пешмергите да се повлечат од сите спорни подрачја и гранични премини. На тој начин, раководството од Багдад планира пешмергите да ги врати на старата „сина линија“ од пред 2003 година, од времето на стариот режим.
Со цел да ги убеди водачите од Ербил, Централната власт од Багдад организираше состанок на високо ниво во Мосул, но по повеќечасовна средба, состанокот заврши без резултат.
На состанокот учествуваше и началникот на генералштабот на Ирак, Осман Ганими, заедно со раководителите на разузнавањето и војската. Од одговорните во Регионалната курдска управа беше побарано да ги препуштат граничните премини и да се повлечат од подрачјето, но Регионалната курдска управа не се согласи со тоа барање.
По завршувањето на состанокот, началникот Ганими за некои медиуми изјави: „Пешмергите треба да се вратат на границите пред 2003 година. Делегацијата на Регионалната курдска управа во следните часови телефонски ќе нѐ информира за одлуката што ја донеле. Доколку не нѐ информираат, тогаш нашето гледиште ќе биде поинакво“.
По овој состанок на којшто Багдад и Ербил не успеаја да се договорат, се тврди дека на Регионалната курдска управа ѝ е дадено време за да соопшти дали ќе се повлече или нема да се повлече во зададените граници.
Барањето од Багдад за повлекување на пешмергите во границите пред 2003 година значи нивно повлекување во границите на градовите Ербил, Сулејмание, Духок и Халепче.
Пешмергите по 2003 година, напуштајќи ги тие граници, воспоставија контрола врз Киркук, северно од Мосул, и над голем број села и градови кои се наоѓаат во јужниот и источниот дел на покраината Дијала, наметнувајќи ја сопствената моќ во уредувањето на јавниот ред.
Со цел враќање на пешмергите на границите пред 2003 година, Багдад воспостави контрола врз местата како што се Мамур, Хамданије, Тилкејф Шејхан и Синџар, потоа Рабија и Дакук, кои потпаѓаат под Керкук, Тузхурмату и Ханекин, кои потпаѓаат под Дијала, и местата Беледруз, Бедре, Џелевла и Мендили. По ослободувањето на овие места, од институциите кои се наоѓаа во овие подрачја беа симнати знамињата на Регионалната курдска управа и поставени се ирачки знамиња.