Hakan Çopur
30 Октомври 2017•Ажурирај: 31 Октомври 2017
ВАШИНГТОН (АА) - Пол Mанафорт, поранешен предводник на предизборната кампања на претседателот на САД, Доналд Трамп, беше уапсен по налог на специјалниот американски обвинител Роберт Милер, кој ја води истрагата за наводното мешање на Русија во последните американски претседателски избори, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми објавија дека Maнафорт утрово, откако дознал дека е издаден налог за негово апсење, доброволно им се предал на претставниците на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) во Вашингтон.
Во зградата на ФБИ утрово се предаде и деловниот партнер на Maнафорт, Рик Гејтс, за кого исто така е издаден налог за апсење.
Обвинителот Милер налогот за апсење го издал врз основа на обвиненијата за 12 кривични дела, вклучувајќи и кршење на федералните закони и перење пари.
Ова се првите налози за апсење во рамките на тековната истрага за наводното руско мешање во изборниот процес во САД, но сѐ уште не се објавени детали од потерницата.